По бараж-натпреварите, од денеска стартуваат и плеј-оф возбудувањата во Првата лига-жени. На ред се четирите четвртфинални серии кои треба да ги дадат и четирите полуфиналисти.
Предност на домашен терен во серијата „подобар во три натпревари“, имаат четирите првопласирани екипи (Баскет Кам 2011, Бадел 1862, Крива Паланка и Вардар).
Четвртфиналето ќе биде отворено вечерва, со дуелот во салата „Бранители 2001“ во која екипата на Крива Паланка го дочекува составот на Струга 2009. Во регуларниот дел од сезоната, домашниот тим ги доби двете средби (70:63 и 71:64).
Останатите три натпревари се играат на 5 април. Актуелниот бранител на титулата, Бадел 1862 ја пречекува екипата на Гризли, (20. часот), Баскет Кам 2011 е фаворит во дуелите со кавадаречки Пробаскет, додека пак новиот освојувач на Купот на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром ќе се сретне со Вардар.
ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛE-ПРВ НАТПРЕВАР
4.АПРИЛ (ВТОРНИК):
17.00: Крива Паланка – Струга 2009
Спортска сала „Бранители 2011“ – Крива Паланка
5.АПРИЛ (СРЕДА):
18.30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
Спортска сала на КК „Вардар“ – Скопје
19.00: Баскет Кам 2011 – Пробаскет
Спортска сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица
20.00: Бадел 1862 – Гризли
Спортска сала „Независна Македонија“ – Скопје










