Дома Ракомет Савевски: Верувам дека Македонија може до СП по долга пауза!

Савевски: Верувам дека Македонија може до СП по долга пауза!

159

Македонската женска ракометна репрезентација се подготвува за бараж двомечот со Украина, кој носи Мундијалска виза. Противникот е по мерка иако е фаворит против „црвено-жолтите“.

Сите во таборот на нашиот најдобар национален тим, почнувајќи до селекторот Љубомир Савевски веруваат дека може да се дојде до сонот – СП. Првата средба се игра на 8. овој месец, а вратите на СЦ „Борис Трајковски“ се отворени, поддршка од тробините ќе биде клучна, исто како и максималната битка на теренит.

„Украина е фаворит во овој двомеч, но ние не смееме да се жалиме. Украина е ривал по мерка за враќање на репрезентацијата на Светските првенства. Иако има квалитетни ракометарки, не е репрезентација која во моментов се наоѓа во самиот европски и светски крем. Се надевам дека со помош на македонската публика ќе славиме на првиот меч во Скопје и дека тоа ќе ни даде ветер во грб и за реваншот. Верувам дека Македонија по долга пауза може да се врати и на Светските првенства“, изјави селекторот на македонската репрезентација, Љубомир Савевски.
ПретходноОфицијално: Лук Шо во Јунајтед до 2027! (ФОТО)
СледноУ-19 жени: Македонија ја “торпедира“ Грузија!