ПСЖ поради посебна клаузула ќе му исплати на Мбапе дури 10 месечни плати

301

Француски „Екип“ објави информација дека Пари Сен Жермен ќе му исплати 60 милиони евра (десет месечни плати) на Килијан Мбапе благодарение на посебна клаузула во договорот која се нарекува „клаузула на верност“.

Според споменатата клаузула, ПСЖ е обврзан да му исплати на младиот француски напаѓач износ од 60 милиони евра секоја сезона која тој ќе остане во клубот, а кога на тоа ќе се додаде и платата од 72 милиони евра годишно, се стигнува до цифра 132 милиони евра која играчот ја добива за секоја сезона.

„Екип“ пишува дека ПСЖ на овој начин сака да го охрабри Мбапе да потпише нов договор, затоа што актуелниот му истекува во 2024 година, а со цел да го одбијат Реал Мадрид кој исто така притиска за него.

Мбапе сезонава одигра вкупно 34 меча за ПСЖ и постигна 31 гол.

 

ПретходноСите на забава и кошарка во хуманитарни цели! (ФОТО)
СледноМедведев: Еден трофеј го користам како вазна за цвеќе