Сензација: Фрајбург го шокираше Баерн, Тухел во вториот меч остана без еден трофеј (ВИДЕО)

264

Вистинска сензација приреди екипата на Фрајбург вечерва во четвртфиналето на Купот на Германија на гостувањето во Минхен против актуелниот шампион. Гостите со гол од пенал во судиското надополнување успеаја да направат големо изненадување победувајќи против најуспешниот тим во земјата со 2:1.

Баерн поведе во 19. минута преку Упамекано и се чинеше дека ќе забележи сигурна победа. Сепак, гостите веруваа во своите квалитети и се изборија за невозможното. По половина час игра, Хофлериспрати вистинска ’бомба’ во голот на Баварците и израмни на 1:1.

Со овој резултат се играше се до судиското продолжение, кога гостите добија пенал. Павар играше со рака, а судијата покажа на 11 метри, што беше голем шок за домашните. Гостите погодија преку Хелер од 11 метри и победија со 2:1. Претходно Ајнтрахт Франкфурт го совлада Унион Берлин со 2:0 и обезбеди полуфинале.

ПретходноУЕФА му забрани на Феенорд да им продава билети на навивачите на Рома
СледноПремиерлига: Ливерпул преживеа кај Челзи, Лидс Ј. со важна победа за опстанок (ВИДЕО)