Челзи во првиот меч по заминувањето на Грем Потер имаше неколку извонредни шанси да слави над Ливерпул, но на мечот во Лондон мрежите останаа недопрени. Впрочем, Челзи и постигна два гола, по еден во двете полувремиња, но и двата беа поништени од ВАР собата. Првиот поради офсајд, вториот поради игра со рака.
„Црвените“ можат и да бидат задоволни што освоија бод на ова гостување, бидејќи домашните беа подобар ривал. Клоп мечот го почна со многу променет состав во кој повторно одбраната имаше големи проблеми. Со овој бод и двата тима остануваат се уште далеку од битката за место во ТОП 4.
Во останатите три средби имаше исто така големи возбудувања. Борбата за опстанок ќе се води до последното коло, откако денеска тимот на Лидс забележа исклучително важна победа. Важни бодови за Лидс Ј. дојдоа на мечот со Нотингем Форест кој домашните го добија со 2:1.
Екипата на Астон Вила успеа да го совлада Лестер со 1:2 и со тоа да го доведе во тешка ситуација домаќинот кој останува на претпоследното место на табелата. Брајтон како гостин успеа да го совлада Бурнмаут со 0:2, па домашниот тим останува во зоната за испаѓање.










