Куп на Италија: Лукаку од пенал обезбеди реми за Интер во Торино (ВИДЕО)

216

Јувентус беше пред победа, но Интер со гол од пенал во последните секунди се избори за реми на првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија. Мечот во Торино заврши со резултат 1:1 и одлуката за тоа кој ќе игра во финале ќе падне на реваншот во Милано.

Првиот гол го дочекавме дури во 84. минута кога Хуан Куадрадо погоди од десната страна од агол за големо славје на стадионот. Интер делуваше малку поопасно, повеќе напаѓаше, но генерално се чини дека најважно беше Алегри и Инзаги да не се загубат, а никој не профитираше премногу во таква игра. Јуве беше блиску до победа, а потоа во последните секунди Бремер играше со рака во својот шеснаесетник, а Лукаку беше сигурен од 11 метри за конечни 1:1.

ПретходноПремиерлига: Ливерпул преживеа кај Челзи, Лидс Ј. со важна победа за опстанок (ВИДЕО)
СледноЧелзи нема намера да носи нов менаџер до крајот на сезоната