Наполи и покрај убедливиот пораз од Милан на свој терен, сепак ќе ја освои титулата во Серија А. Тука нема никакви дилеми и тоа на радост на сите во градот под Везув. Сепак на последниот меч на стадионот „Диего Армандо Марадона“ имаше и тоа какви проблеми кога станува збор за фановите. Имено дел од нив скандираа против газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, а имаше и тепачка на фановите на домашниот состав.
После ова свој коментар имаше и самиот Де Лаурентис:
“Конечно мора да се стави крај. Па, веќе 50 години тие криминалци на трибините кои се претставуваат како навивачи, си играат со нас, не малтретираат. Ова во Италија трае ли трае, поради нив не доаѓаат нормални навивачи. Очигледно е дена нам ни треба закон како што некогаш беше во Англија, `закон на Маргарет Тачер`. Само тоа е спас“ изјави првиот човек на Наполи.










