Данил Медведев победи на Мастерсот во Мајами. Во финалето беше подобар од Јаник Синер и тоа му е петти Мастерс 1000 трофеј во кариерата, а за што ќе го користи само тој знае. Имено, рускиот тенисер изјави дека претходниот трофеј што го освои, во Синсинати бил посебен и најдраг.
„Тешко е да се каже кој трофеј ми е најдраг. Морам да кажам УС Опен, бидејќи тоа ми е единствената Грен слем титула. Сепак, ќе го изберам Синсинати затоа што тој трофеј го користиме како вазна за цвеќе. Кога ќе и донесам на сопругата цвеќе, таа веднаш го става во него. Тоа ни го краси домот“, изјави Русинот.
А и организаторите на турнирот во Синсинати не се лутеа премногу на тоа туку му дадоа одобрување.
„Ти одобруваме да го користиш трофејот како вазна, шампионе“.










