Филип Миркуловски, еден од нашите најдобри ракометари во историјата, повторно ќе биде тренер на германскиот бундеслигаш Вецлар и тоа пак неодредено време. Имено поради слабите резултати во последно време клубот се раздели со првиот тренер Хрвоје Хорват.
Да споменеме дека за Вецлар настапува и Филип Кузмановски, нашиот актуелен репрезентативец кој направи трансфер оваа зима, но и тој не помогна Вецлар да дојде до подобри резултати со Хорват на чело на тимот.
Од раководството на клубот истакнуваат дека Миркуловски ја има нивната доверба и дека тие се во потрага по нов стратег.










