Покрај тоа што цел Наполи е во екстаза и еуфорија поради освојувањето на титулата во Серија А, и Македонија има за што да се радува. Нашиот Елиф Елмас е шампион на Италија со својот клуб, а честитките пристигнуваат од сите страни.
Една од многуте пристигна и од страна на единствениот Горан Гранде Пандев кој преку социјалните мрежи му честиташе на неговиот поранешен соиграч во репрезентацијата, и што се вели негов наследник во националниот дрес.
„Секоја чест Бато, да се множат“… му порача Гранде Пандев на Елиф преку социјалните мрежи.
Секако, Пандев и тоа како знае како е да се освои титулата во Серија А, затоа што своевремено со Интер го стори истото.











