Францускиот интернационалец Хуго Лорис многу веројатно никогаш повеќе нема да го облече дресот на Тотенхем. Долгогодишниот голман на овој клуб, нема да брани на последните четири мечеви на тимот во крајот на шампионатот поради повреда, а на лето ќе си замине од клубот, иако има уште една година договор.
Тој во моментов има 36. години и е дел од Тотенхем од 2012 година. Сепак, на се му доаѓа крајот, па и на неговиот неприкосновен статус на прв голман на тимот. Доколку навистина Лорис повеќе нема да започне ниту еден меч за Тотенхем тогаш неговиот последен меч ќе му остане во лошо сеќавање. Загуби од Њукасл со 6:1.










