Фенербахче го победи Олимпијакос и избори „мајсторка“

146

Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Олимпијакос во Истанбул во четвртиот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот на Евролигата со 73:69 и изборија „мајсторка“ која ќе решава за парникот на Ф4 турнирот.

Олимпијакос подобро го стартуваше дуелот во „Улкер Арена“, но финишот им припадна на домашните. Екипите се менуваа во водство, Фенер со шутеви од далечина се обидуваше да ја забрза играта и да ја разбие одбраната на тимот од Пиреја, додека гостите се потпираа на добро позната, контролирана и трпелива игра.

Олимпијакос на полувремето имаше водство од 33:32, а во третиот период и пет поени предност. Фенер одговори на почетокот на последната четвртина на крајот се избори за триумф.

Пјер беше најефикасен со 17 поени, Дорси додаде 16. Кај Олимпијакос најдобар беше Мекишик со 20 поени.

ПретходноМитровски со гол-првенец за победа на Вараждин (ВИДЕО)
СледноАтлетико (М) ја крена цената на Феликс, сега за него од Челзи бара 100 милиони евра