Гранде Пандев му честиташе на Елмас за титулата…. „Секоја чест Бато да се множат“…..

317

Покрај тоа што цел Наполи е во екстаза и еуфорија поради освојувањето на титулата во Серија А, и Македонија има за што да се радува. Нашиот Елиф Елмас е шампион на Италија со својот клуб, а честитките пристигнуваат од сите страни.

Една од многуте пристигна и од страна на единствениот Горан Гранде Пандев кој преку социјалните мрежи му честиташе на неговиот поранешен соиграч во репрезентацијата, и што се вели негов наследник во националниот дрес.

„Секоја чест Бато, да се множат“… му порача Гранде Пандев на Елиф преку социјалните мрежи.

Секако, Пандев и тоа како знае како е да се освои титулата во Серија А, затоа што своевремено со Интер го стори истото.

ПретходноСолзите на Кварадона, солзите на фановите на Наполи! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноИнформација за продажбата на билетите за мечот Англија – Македонија на Олд Трафорд