Мојс е минато за Вест Хем, „чеканите“ преговараат со тренерот на Лил

298

Вест Хем има поготвено опција за заменик на нивниот менаџер Дејвид Мојс, доколку решат да му врачат отказ ова лето. Опција број 1 пред раководството на „чеканите“ е португалскиот стратег Пауло Фонсека.

Тренерот на Лил е на мета и на уште еден лондонски гигант во лицето на Тотенхем, кој во моментов го води привремениот менаџер Рајан Мејсон.

Договорот на Фонсека со Лил е до јуни 2024 година и доколку Вест Хем сака да го ангажира, ќе мора да плати отштета. Португалскиот стручњак во 2018 година беше блиску до договор со „чеканите“, но тогаш на менаџерската функција беше назначен Дејвид Мојс.

ПретходноШалке со пенал во 100. минута победи за опстанок, Баер (Л) може да остане без Европа (ВИДЕО)
СледноЈокиќ испиша историја во НБА: Трипл-дабл со 17 асистенции – недоволен за Денвер (ВИДЕО)