Во натпревар од 33.коло, на свој терен нашиот Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано славеа победи од 2:1 против составот на Валјадолид. Де Томас и Камело стрелаа за 2:0 во второто полувреме за тимот на Рајо, додека гостите во 84.минута преку Леон успеаја само да го ублажат резултатот.
Штета, малку недостигаше македонскиот голман да има “чиста мрежа“, сепак за него и неговиот тим поважни се трите бода.
На вториот меч Бетис како гостин го победи Билбао со 0:1.










