Толку беше: Меси не сака повеќе да го носи дресот на ПСЖ!

2415

И сега и дефинитивно е јасно дека Лео Меси нема повеќе да го видиме во составот на ПСЖ, дека заврши неговата одисеја во Париз и дека сега е на пат кон Барселона или С. Арабија. Имено познато дека тој доби двонеделна суспензија од челниците на „светците“ како и парична казна зошто без прашање заминал со семејството во Ријад на мини – одмор.

Ова го разгневило Аргентинецот, кој по истекот на суспензијата треба да одигра уште три меча за ПСЖ, и одлучил никогаш повеќе да не го облече дресот на клубот од Париз. Ова се последните информации кои ги пренесуваат медиумите во Франција по сагата околу Лео Меси.

ПретходноПРВАТА ТУРНИРСКА ФАЗА ВО „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ“ на 2win.mk ЗАВРШИ, СЛЕДУВА СРЕЌНО ТРКАЛО
СледноРФМ и Савевски ја прекинаа соработката!