Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Олимпијакос во Истанбул во четвртиот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот на Евролигата со 73:69 и изборија „мајсторка“ која ќе решава за парникот на Ф4 турнирот.
Олимпијакос подобро го стартуваше дуелот во „Улкер Арена“, но финишот им припадна на домашните. Екипите се менуваа во водство, Фенер со шутеви од далечина се обидуваше да ја забрза играта и да ја разбие одбраната на тимот од Пиреја, додека гостите се потпираа на добро позната, контролирана и трпелива игра.
Олимпијакос на полувремето имаше водство од 33:32, а во третиот период и пет поени предност. Фенер одговори на почетокот на последната четвртина на крајот се избори за триумф.
Пјер беше најефикасен со 17 поени, Дорси додаде 16. Кај Олимпијакос најдобар беше Мекишик со 20 поени.










