Oсимен ги урна рекордите на Веа и на Ето

284

Виктор Осимен постигна гол за Наполи во ремито со Удинезе што беше доволно за титула за тимот од под Везув после пауза од 33 години. Наполи слави „Скудето“, а Осимен урива рекорди.

Нигерискиот напаѓач урна два рекорди во Италија. Осимен го достигна првото место по број на голови од африкански фудбалер во Серија А. Тој има исто погодоци со поранешниот голгетер на Милан, Џорџ Веа, по 46 гола. Осимен сигурно ќе ги помести границите со оглед на годините и на тоа што има уште натпревари за Наполи.

Осимен го оствари тоа во 78 меча во својата трета сезона во Серија А, додека на Веа му беа потребни 114 натпревари во петте години поминати во Милан.

Истовремено, Осимен има 22 гола само оваа сезона со што постави нов рекорд од африкански фудбалер по број на голови во најсилната италијанска лига. Тој го урна претходниот ефект на некогашниот камерунски фудбалер, Самуел Ето кој во 2010/11 за Интер постигна 21 гол.

ПретходноИ Милвоки го смени тренерот: Ни шампионскиот прстен не го задржа на позицијата
СледноБрајтон си договори бразилски напаѓач