Премиерлигашот Брајтон објави дека се договориле со Ватфорд за трансфер на Жоао Педро на „Фалмер“ стадионот. Неофицијално се работи за трансферна сума од 30 милиони фунти, а бразилскиот напаѓач потпиша петгодишен договор кој ќе стартува од летоска.
Жоао Педро има 21 година, а потекнува од школата на Флуминенсе, а во 2020 година дојде во Ватфорд и до сега одигра 104 натпревари и постигна 23 гола.
Утринава англиските медиуми објавија дека Брајтон ќе го донесе искусниот фудбалер на Ливерпул, Џејмс Милнер чиј што договор ќе биде до јуни 2024 година.










