Ардијан Нухиу: Да ја вратиме Шкендија каде што и е местото!

308

Од вчера Шкендија, најбогатиот клуб во ПМФЛ и официјално има нов стратег. А тоа е Ардијан Нухиу, младиот тренер кој како стратег на Шкупи и во Косово, и тоа како покажа дека си ја знае работата.

Иако во “игра“ до последен момент за нов тренер беше Оргес Шехи, стратегот на Тирана, сепак челниците на четирикратниот некогашен шампион на Македонија, се одлучија за домашно решение.

Негов асистент ќе биде Муарем Бајрами, исто така екс фудбалер на Шкендија.

По цела една деценија се враќам во позната средина. Бев дел од првата шампионска генерација на Шкендија во таа 2011 година како играч. Знам што се очекува од нас како стручен штаб. Убеден сум дека сите заедно во клубот можеме да изградиме еден моќен тим, време е Шкендија да се врати таму каде што и местото. Се разбира дека за тоа треба и трпение и време. Не е тајна дека имаме добар тим, добри играчи, но јасно е дека сега во летниот преоден рок треба да се реагира на неколку позиции“ рече покрај другото новиот стратег на Шкендија за клупскиот сајт.

Инаку и покрај фактот дека веќе неколку години наназад, по заминувањето на Сергеј Самсоненко од Вардар, Шкендија е нашиот најбогат клуб, клуб кој има убедливо најголем буџет, но во последните четири години само еднаш ја освои шампионската титула, во таа 2020 година. Претходно Вардар во 2019 беше првак, лани Шкупи а оваа година Струга ТЛ.

Се разбира дека фановите на Шкендија како и сите во клубот, од Ардијан Нухиу очекуваат да ја врати титулата под Шара.

ПретходноШаховскиот клуб АЛКАЛОИД ќе учествува на Светското екипно шаховско првенство за сениори/ветерани за 2023 година
СледноДодев и дефинитивно заминува во Влазнија