Сабаленка e во полуфиналето на Ролан Гарос

72

Арина Сабаленка ја совлада Елина Свитолина со 6:4 и 6:4 на терените на Ролан Гарос и се пласираше во полуфиналето. Шампионката од Австралија опен обезбеди полуфинален меч со Каролина Мухова од Чешка.
Сабаленка има шанса да се искачи на првото место на ранкингот ако успее да заврши пред Ига Швјонтек оваа недела во Париз.
25-годишната Белорусинка е останува непоразена во четвртфиналињата на Грен слем турнирите, а трет шампионат по ред ќе игра во полуфинале.
А Мухова, која е на 43. место на ВТА листата ја елиминира сонародничката Анастасија Пављученкова со 7:5 и 6:2.
Другото полуфинале ќе биде познато утре. Тоа ќе го сочинуваат победничките од дуелите Хадад Маја-Жабер и Швјонтек-Гауф.

ПретходноЕсмин Личина верен на Македонија ЃП
СледноШкендија се пофали со првото летно засилување