Иако до вчера говореше едно, дека неговиот син најверојатно ќе се врати на “Камп Ноу“, дека и од Ла Лига има позитивен одговор, најново е тоа што таткото на Лео Меси, Хорхе Меси коуј воедно е и негов менаџер изјавува дека ова е тешко остварливо.
“Не верувам дека Лео ќе се врати во Барселона. Не е проблемот во парите, Лео сака да игра и бесплатно за Барса, но тоа е тешко остварливо“ посочи Хорхе Меси.
Дали ова значи дека семејството Меси сепак ќе ја прифати понудата од С. Арабија вредна 1,2 милијарди евра, ќе дознаеме денеска или најдоцна утре.










