Поранешниот младински репрезентативец Аметов се сели во Алеманија Ахен

611

Поранешниот македонски младински репрезентативец, Бејхан Аметов во новата сезона ќе го носи дресот на германскиот клуб Алеманија Ахен. Тој минатата сезона ја помина во дресот на третолигашот Мепен, но како слободен играч денеска потпиша за еден од тимовите во германската Регионална лига Запад.

„Среќен сум што успеа промената, бидејќи сум апсолутно убеден во патот и клубот. Амбициозните цели на Алеманија точно се совпаѓаат со моите цели. Убеден сум дека можеме да играме за промоција со многу добар тим во новата сезона и едвај чекам да започнеме“, вели Аметов, очекувајќи го својот нов клуб.

Аметов претходно играше за младинците на Келн и Борусија (Д).

ПретходноСимеоне ја откри сексуалната формула за успех во Атлетико Мадрид
СледноПливачкиот маратон на ЛОИ во Париз ќе се одржи во реката Сена?!