Симеоне ја откри сексуалната формула за успех во Атлетико Мадрид

428

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ја покажа својата поразлична страна во интервју за „COPE El Partidazo“, откако беше провоциран од водителот Хосеба Ларанјага со зборовите:
Една студија покажува дека Шпанците во просек имаат 56 сексуални односи годишно. Па во тој поглед дали сте повеќе Шпанец отколку Аргентинец ?

Колку кажа? 56 годишно… Колку излегува месечно, 4 пати? Не, не четири… Ако имате секс само 4 пати месечно, нема да можете да играте во мојот тим“, рече тренерот.
Симеоне беше прашан и колку пати во просек имаат секс играчите на Атлетико.
15 пати месечно? Нема да кажам, но имаме добар просек“, изјави Диего.

ПретходноАБА: Партизан ја доби „мајсторката“ со Цедевита и закажа финале со Ц. Звезда
СледноПоранешниот младински репрезентативец Аметов се сели во Алеманија Ахен