Шкупи и Шкендија и во 2.квалификациско коло во ЛК, ако го минат првото, ќе бидат носители во ждрепката!

2044

Македонија ова лето во Европа ќе биде претставувана од четири екипи. Тоа се Струга ТЛ во квалификациите во ЛШ, потоа Шкупи, Шкендија и Македонија ЃП во квалификациите во Лигата на Конференции.

Кога сме кај ЛК да кажеме дека при ждрепката за 1.квалификациско коло, Шкупи и Шкендија ќе бидат во групата на носители, а Македонија ЃП во онаа кај неносителите и затоа ќе добие потежок ривал.

Додека чаирачани и тетовци не би требало да имаат проблем да го минат стартното квалификациско коло.

Во случај во тоа да успеат, тогаш и на ждрепката за 2.квалификациско коло Шкупи и Шкендија ќе бидат меѓу носителите со оглед на релативно добриот ранкинг што го имаат. Значи ете шанса за овие две екипи релативно полесно да се најдат во 3.фаза од квалификациите во Лигата на Европа.

Да потсетиме дека ждрепката за 1. и 2.квалификациско коло во ЛШ и ЛК ќе биде одржана во Нион на 20/21 јуни.

ПретходноФ1 би можела да ги врати Франција и Германија во календарот!
СледноНајпознатата изјава на Златан: Јас сум Ферари, за него е Фиат!