И оваа година: Струмица Никоб ќе ја преставува Македонија во ЦЕВ Лигата на шампионите

395

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб и оваа година ќе биде наш клупски преставник на европската одбојкарска сцена. Струмичани и официјално поднесоа апликација за настап во новата сезона од најсилното клупско натпреварување, ЦЕВ Лигата на шампионите.

„Токму денеска ја завршивме процедурата и ја испративме апликацијата во ЦЕВ. И следнава сезона ќе настапуваме во Лигата на шампионите. Минатата сезона за малку недостасуваше да го минеме првото коло, па се надеваме дека годинава ќе бидеме поуспешни“, вели Владо Милев, кој ја има улогата и на претседател на нашиот првак.

Струмица Никоб и оваа сезона ја освои двојката круна на домашната сцена со што се избори за место во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Останува да почекаме на ждрепката за 1. коло и да видиме кој ќе биде првиот европски предизвик за Струмица Н. во новата евро-сезона.

ПретходноРома го засили средниот ред со француски фудбалер
СледноВо обид да се спаси од казна од УЕФА: Јувентус се откажа од проектот Суперлига!