
Тимот на Тотенхем и официјално потврди дека Ангелос Постекоглу е нов менаџер на тимот. Тој потпиша соработка на четири години со што менаџментот смета дека ова прашање го решил на долгорочен период. Тој доаѓа во Лондон откако одлично ја заврши мисијата како менаџер на Селтик.
Откако на два пати беше првак во Австралија, беше и селектор на оваа селекција од 2013 до 2017, со која што беше на Мундијалот во Бразил. Ја освои Џеј лигата со тимот на Јокохама во Јапонија, а потоа пристигна во Селтик. Освои две титули, ФА куп, по што повикот од Премиер лигата стана реалност.
We are delighted to announce the appointment of Ange Postecoglou as our new Head Coach on a four-year contract 🤍
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) June 6, 2023









