Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е полуфиналист на Ролан Гарос откако денеска го елиминира рускиот тенисер Карим Качанов со 4:6, 7:6, 6:2 и 6:4.
Српскиот тениски ас ја запиша десеттата победа во меѓусебните дуели со Качанов (скорот сега е 10-1). Во првиоте сет Русинот направи брејк и на крајот го добива сетот со 6:4, во вториот сет беше неизвесно, се отиде во тај брејкот каде што Ѓоковиќ беше брутален и изедначи на 1:1. Следуваше доминација на српскиот тенисер кој лесно излегуваше на крај со сите обиди на противникот да возврати.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот Карлос Алкараз и Стефанос Циципас кој се игра вечерва.
Утре се другите два четвртфинални натпревари, а се соочуваат Зверев и Етчевери како и Руне со Руд.










