Легендарниот холандски голман, Едвин Ван Дер Сар итно е опериран денеска во Хрватска, поточно во Сплит, каде што се наоѓал на одмор, откако доживеал излив во мозокот.
Она што засега е познато е дека, тој откако му се случил изливот, итно со хелихоптер бил пренесен во болницата во сплит и опериран. Засега, се наоѓа во стабилна состојба, но за вака комплицирана ситуација мора да поминат минимум 24 часа за да се знае нешто повеќе.
Од Ајакс, неговиот некогашен клуб каде мина години што како играч, но и како функционер, излегоа со кратко соопштение во кое се потврдува информацијата, со желби за брзо опоравување.










