Трансфер од БиХ во Охрид: Воска се засили со Бобан Георгиев!

796

Воска, дебитантот во ПМФЛ не престанува да ја изненадува јавноста со ангажманот на новите имиња. Па така од денеска тимот од Охрид е посилен за Бобан Георгиев (26), напаѓачот кој е некогашен фудбалер на Брегалница, Силекс, Радник (СРБ), Борац Бања Лука (БИХ), а последен клуб му беше Леотар Требиње. Значи прави трансфер од БиХ во Охрид.

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, со Воска потпиша едногодишен договор, а по денешната промоција веднаш им се приклучи на тренинзите на своите нови соиграчи.

ПретходноВан Дер Сар итно опериран во Сплит, по излив во мозокот
СледноЈувентус му го „украде“ спортскиот директор на Наполи