Јувентус му го „украде“ спортскиот директор на Наполи

177

Јувентус има нов спортски директор, а тоа е Кристијано Џунтоли кој изминатите осум години работеше во Наполи. Тој одигра клучна улога во градењето на шампионскиот тим на Наполи, неговите најдобри трансфери беа Кваратшкелија,  Осимен и нашиот репрезентативец Елмас.

Уште одамна се зборува за негово заминување во насока на Торино, а сега тоа е официјално. Џунтоли и покрај тоа што има уште една година од договорот, тој одлучи уште сега да оди во Јувентус.

Негова задача е да го изгради Јувентус во пост Андреа Ањели ерата, почнувајќи со продажба на непотребни фудбалери и намалување на трошоците за плати. Истовремено да работи на донесување на нови играчи, способни да го носат дресот на „Старата дама“.

 

ПретходноТрансфер од БиХ во Охрид: Воска се засили со Бобан Георгиев!
СледноЕП У18 жени дивизија Б: В.Британија пресилна за нас