Македонските кошаркарски пволигаши, Работнички односно Феникс 2010 ќе го стартуваат својот европски пат во квалфикациите за ФИБА Еврокупот. За Работнички ова е уште една сезона на меѓуародна сцена, која ги имал доста во всвојата историја, додека пак тимот на Феникс 2010 ќе испише историја со деби во Европа.
Противниците ќе се дознаат на 8 август, кога е ждрепката, додека пак квалификациските турнири ќе се одржат во септември.
Покрај нашите екипи во овој дел од квалификациите ќе учевствуваат и кипаркиот клуб Киварнос, чешкиот Пардубице, естонскиот Парну Садам, францускиот Гравелин, германскиот Рошток, грчкиот Аполон Патра, чешкиот Спојниа Старград, португалскиот Порто, романските Рапид Букурешт, Крајова и Сибиу, азербејџанскиот Сабах, шведскиот Борас, финскиот Катаја, турскиот Маниса и унгарскиот Корменд со што во квалификациите остануваат уште пет слободни места.










