Дежонте Мареј и Атланта Хокс ќе ја продолжат соработката и во наредните сезони, пренесуваат американските медиуми.
Новиот четиригодишен договор е биде договорен меѓу двете страни и според условите од истиот, Мареј ќе инкасира 120 милиони долари (без данок).
Договорот може да се официјализира дури викендов, но кога ќе биде комплетиран, Мареј нема да биде слободен агент следното лето, туку „заклучен“ со Аталанта на вкупно пет сезони.
Затоа, неговата последна година во клубот треба да биде во сезоната 2027-2028.
Поранешниот кошаркар на Сан Антонио беше еден од најдобрите во тимот минатата сезона со просек од 20,5 поени, 6,1 асистенции и 5,3 скока по меч.










