Јанакиевски е нов тренер на Каменица Саса

677

Екипата на Каменица Саса вчера ги зпаочна подготовките пред новата сезона во Втората македонска лига, но со ново тренерско име. Како што потврдија од клубот, следнава сезона предводник на „зелено-црните“ ќе биде Баже Јанакиевски.

Станува збор за млад стратег кој го презема составот од Македонска Каменица. Јанакиевски минатата сезона работеше како тренер на екипата на Локомотива од Скопје.

По првата фаза од подготовките, Каменица Саса во втората половина од месецов ќе ги закаже и првите контролни натпревари.

ПретходноЛуис Енрике веќе најде замена за Мбапе во ПСЖ
СледноНејмар се степал во ноќен клуб во Рио де Жанеиро