Беласица промовираше две нови засилувања

414

Во пресрет на новата сезона и струмичка Беласица се засили со двајца нови играчи. Станува збор за Христијан Бејков, кој игра на позицијата стопер и доаѓа од екипата на ФК Кожуф, како и Борче Картов, кој ќе биде засилување на голманската позиција.

Картов во дресот на Струмица доаѓа исто така од екипата на Кожуф, а во својата кариера има настапувано и за Вардар.

Под водство на шефот на стручниот штаб Беќаров, Беласица вчера го оддржа првиот тренинг.

ПретходноНејмар се степал во ноќен клуб во Рио де Жанеиро
СледноПуштени во продажба билетите за реваншот меѓу Струга ТЛ и Жалгирис, по цена од 1.200 денари!