Младиот голман на украинската репрезентација Анатолиј Трубин ќе биде нов голман на италијански Интер. Според новинарот Николо Шира, италијанскиот клуб се договорил со украинскиот голман за соработка до 2028 година.
Интер ќе влезе во преговори со Шахтјор веднаш откако ќе го продаде Андре Онана во Манчестер Јунајтед.
Минатата сезона Анатолиј Трубин одигра 38 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Шахтјор, прими 40 гола и ја задржа 14 мрежата. Тој беше дел и од младата репрезентација на Украина која стигна до полуфиналето на Европското првенство, но загубија од Шпанија и не успеаја да се изборат за место во големото финале.










