Барса со три гола во последните 10 минути го победи Тотенхем и го освои „Трофеј Гампер“

301

Екипата на Барселона по 11-ти пат по ред го освои „Трофеј Гампер“ турнирот кој е посветен на легендарниот фудбалер и подоцна претседател на „каталонците“ Жоан Гампер. Оваа година Барселона за противник го имаше Тотенхем и го совлада со 4:2 и тоа со пресврт во последните 10 минути.
Тотенхем водеше на полувреме со 1:2. Прво Левандовски во 3.минута ја доведе Барса во предност, но потоа Оливер Скип со два гола го сврте резултатот во корист на Тотенхем. Резултатот не се менуваше се до 81 минута кога изедначи Феран Торес. Во 90 минута Ансу Фати донесе 3:2 за Барса, а во третата минута од судиското продолжение Езалзули ги постави конечните 4:2.
Трофејот „Хоан Гампер“ се игра од 1966 година. Се до 1996 година на турнирот учестувале по четири тимови, а од 1997 година па до сега по еден меч.
Барселона последен пат изгубила во 2012 година од Сампдорија.

ПретходноПерез Де Варгас ја напушта Барселона и ќе игра за германски гигант
СледноШкендија без Рамадани 4-6 недели