Кадетската женска ракометна репрезентација, денеска во рамките од разигрувањето на Европскиот шампионат од деветтото до шеснаесеттото место, загуби од Норвешка со конечни 21:32.
Откако во групната фаза загубивме од Франција, Црна Гора и Романија сега ете не успеавме да се исправиме пред предизвикот ниту против Норвешка.
Иако во одреден дел од мечот и имавме некаков резултатски егал, односно бевме во игра, сепак, противникот на крајот ја покажа силата и заслужено триумфираше.










