Мечот од квалификациското коло за Лигата на Шампионите, помеѓу АЕК од Атина и Динамо Загреб е одложен поради смртта на грчкиот навивач синоќа што се случи во главниот град на Грција.
ОД засега непознат сторител, а во судирот на навивачите дојдени од Хрватска и оние домашните, прободен е со нож домашен фан, кој потоа починал во болница.
Мечот е одложен има стотина приведени, а раководството на АЕК го обвинува директно Динамо Загреб за трагедијата.
„Сметаме дека Динамо Загреб како клуб е директно одговорен за трагедијата. Виноцен е што група од хрватски криминалци организирано пристигнаа во Атина тргнати од Загреб за да го сторат тоа што го сторија. Клубот знаеше за нив, но на официјалниот состанок пред мечот, воопшто не стана збор за нив. Никого не обавестија дека пристигнуваат“ – изјави директорот на АЕК, Гиоргиос Космас.










