Денеска попладне од 17.30 часот, во салата во Ријека, нашата млада ракометна селекција до 19. години ќе го одигра својот втор меч од главната рунда во групата -3 на СП во Хрватска. По оној вчерашен пораз од Данска, денеска ривал ќе биде селекцијата на Австрија. Исто така силен противник, но и противник ако се одигра квалитетно и борбено, би можел да се победи.
Секако дека желбата и мотивот за триумф над Австрија е голем кај избраниците на селекторот Раде Стојановиќ. Вчера и против Данска нашите момци имаа светли моменти, но сепак мора да се признае дека таа селекција е поквалитетна од нашата.
Во случај на триумф против Австрија попладнево во Ријека, нашата млада селекција ќе биде трета во групата и со тоа ќе се здобие со право да разигрува за пласман од 9 до 12 место на Мундијалот во Хрватска.










