Трет словенечки ракометар во Еурофарм Пелистер

283

РК Еурофарм Пелистер од денес има нов член во своето ракометно семејство. Малата словенечка колонија во нашиот град е побогата за средниот бек Домен Тајник.

Еурофарм Пелистер потпиша тригодишен договор со 22-годишниот Словенец, кој доаѓа во Битола од Горење Велење и ќе им се придружи на сонародниците Лесјак и Цехте. Се работи за ракометар со високи спортски перформанси, па иако е млад, има искуство од европски натпревари и трофеи со поранешниот клуб.

Тајник е роден во Словење Градец, висок е 183 сантиметри, а тежок 88 килограми. Целата кариера ја мина во Велење, а од сезоната 2017/18 е член на сениорската екипа. Со Горење Велење стана шампион на Словенија, ги освои Купот и Суперкупот на Словенија, играше во Лигата на шампионите, а последните сезони беше дел од тимот кој настапи и во Европската лига.

Тајник беше МВП на словенечкиот шампионат во сезоната 2021/22 и на Купот и Суперкупо на Словенија истата сезона. Домен Тајник ги мина сите младински категории на словенечката репрезентација, а во Оран 2022 година настапи и за сениорскиот тим на Медитеранските игри.

Ракометарот деновиве ќе пристигне во Битола и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Официјалното претставување на Тајнкик во Еурофарм Пелистер е предвидено за крајот на август.

ПретходноКоментар на 1.коло: Каде што игра Вардар таму е фудбалски празник, шампионот сигурен, а Работнички ќе биде многу опасен!
СледноЏелил Асани во 14-тиот клуб во кариерата – сега во дресот на Влазнија