Бум Бум Барди…Италија повторно во солзи! (ВИДЕО)

2159

 

Одлична Македонија, Бум Бум Барди и 1:1 против Италија во спектакуларен меч вечерва на Арената во Скопје. Атмосфера одлична, 28.000 гледачи кои жестоко ја бодреа нашата репрезентација.

Секако дека херој е Барди со супер голот во 81.минута од слободен удар, претходно Имобиле во 47.минута стрелаше за 0:1.

Браво за Македонија, вака се играв во меч од квалификациите за ЕВРО 2024. И повторно Италија е во солзи.

Очекувано Италија како поагресивно да го започна мечот.Теренот е лош, туканема дилеми, но сепак нашите момци веднаш покажаа дека имаат намера и тоа како да одиграат добро, да се борат. Да дојдат до добар резултат.Првата закана ја имаше Кристанте, но сепакво 19.минута Македонија преку Миовски имаше супер шанса, но неговиот шут со глава за малку беше непрецизен.

Две минути подоцна Тонали врати и ја погоди стативата за наша среќа, додека Кристанте одново се закани, но Димитриевскисега одлично одбрани. Ние пак се обидовме преку Елмас и Алиоски со шутеви, но Донарума првиот пат одбрани, а вториот пат шутот беше блокиран.

Добра игра на Македонија, игравме цврсто, знаевме што сакаме, и затоана пауза се замина со тие 0:0 што секако дека за нас тоа беше добар резултат.

ОФ, НЕ…ИМОБИЛЕ ЗА ВОДСТВО НА ИТАЛИЈА

И само што започна второто полувреме шок. Се играше 47.минута кога по една мешаница пред нашиот гол Барела шутираше во стативата, а одбиената топка дојде до Имоболе кој погоди за 0:1.Пак тој Имобиле, како во таа 2016 година кога ни даде два гола во таа победа од 2:3. Штета гол во многу лош момент. Секако дека ова делуваше шокантно за нашите момци.

Секако дека по водството на гостите, Македонија се обидеда тргне со сите сили во напад, тоа беше очигледно, но Италија умешно ја затвори играта, не дозволуваше комбинатирна игра на нашите од која би произлегла некоја добра шанса. А се знае дека Италијанците знаат и тоа како добро да го прават тоа. Време се чини дека е замени во нашите редови. Сепак и покрај се нашите се трудеа, Елмас во таа 67.минута во два наврати опасно се закани, Италија сега имаше многуу среќа. Посебно вториот шут, малку недостигаше за радост, за наша радост. Елмас пак во 76.минута беше во можност, но пак нема гол. Сега Италија се брани, Македонија напаѓа, но гостите се бранат умешни. Во тие моменти Муслиу се повреди, па во игра влезе Серафимов, претходно влегоа во игра Димоски и Алими за кога ова беше деби настап за Македонија.

И ТОГАШ БАРДИИИИИИ

И тогаш мајсторија на Барди од слободен удар. Фантастичен гол од 20 метри, браво за Енис кој успеа да ја “скине“ мрежата на Донарума. Ова се случуваше во 81.минута за 1:1, за еуфорија, за голема радост на сите на Арената во Скопје.

 

 

Квалификации за ЕВРО 2024 – група Ц

МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА 1:1 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 28.000. Судија: Франсоа Летисие (Франција). Стрелци: Барди 81. Имобиле 47. (ИТА). Ж.Картони:Манев (МАК), Димарко (ИТА).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Манев,Муслиу (78. Серафимов), Зајков, Алиоски, Ашковски (74. Димоски), Барди, Елези (74. Алими), Атанасов (90.Илјазовски), Елмас, Миовски.

Селектор: Благоја Милевски.

Италија: Донарума, Ди Лоренцо, Манчини (59. Скалвини), Бастони, Димарко, Барела, Кристанте, Тонали, Политано (46. Заниоло), Имобиле, Заканџи

Селектор:Лучиано Спалети.

ПретходноБраво: Роналдо и репрезентативците на Мароко покажаа дека имаат големо срце!
СледноЕте тоа е капитенот: Браво Барди, браво Македонијо…вака се игра фудбал!