Елиф Елмас, Илија Несторовски и Висар Муслиу влегоа во клубот 50. Пред почетокот на натпреварот Македонија – Италија, Фудбалската федерација на Македонија им додели врамени дресови со бројот 50.
Тројцата фудбалери имаат одиграно над 50 натпревари во националниот дрес.
Од овој состав на Македонија над 50 настапи имаат Столе Димитриевски (62), Езгјан Алиоски (67) и Александар Трајковски (84).
Македонија по првото полувреме имаше егал 0-0, но на стартот на вториот дел Имобиле стрелаше за 0-1.










