Во овој момент се игра дуелот меѓу Македонија и Италија во рамките на евроквалификациите. Во првото полувреме мрежите мируваа (0-0), но на стартот на второто полувреме противникот постигна гол и поведе со 0-1. Стрелец на голот беше Имобиле.
Пред почетокот на мечот една фотографија со најде во центарот на вниманието. Лучијано Спалети, селекторот на Италија и поранешен тренер на Наполи и Елиф Елмас се поздравија. Средбата беше емотивна, се прегрнаа, а Спалети го бакна македонскиот репрезентативец.










