Полувреме: Од 28.000 грла ечи – Македонија..Македонија,Миовски со супер шанса, мрежите мируваат!

634

Заврши првиот дел од дуелот меѓу Македонија и Италија со резултат 0:0.Теренот секако дека е лош, и голманот Димитриевски во еден момент поради тоа се повреди, но затоа атмосферата е одлична. Од околу 28.000 грла ечи –Македонија, Македонија.

Миовски имаше супер шанса во 19.минута по центаршутот на Алиоски, се заканија исто и Џани и Елмас.На другата страна Тонали ја погоди стативата на Димитриевски, а Кристанте во два наврати навистина опасно се закани.

Сепак на пауза се оди со тие почетни 0:0, што секако е добар резултат за нас.  Треба да се каже дека во нашите редови Алиоски беше најдобар, иако и сите останати беа одлични во првиот дел.

ПретходноДојдоа на Македонија и Италија со пароли дека бараат жени (ФОТО)
СледноЕмоцииии: Спалети со бакнеж за Елмас (ФОТО)