Кошаркарската репрезентација на Летонија го освои петтото место на светското првенство откако во последниот меч убедливо ја совлада Литванија со 98:63.
Летонците кои на Мундобаскетот дојдоа без најголемата ѕвезда Кристапс Порзингис, направија историски резултат пласирајќи се во нокаут фазата, а малку им недостасуваше да ги елиминираат Германците во четвртфиналето.
Избраниците на Лука Банки денеска против Литванија на полувремето имаа 11 поени предност (49:38), а сите дилеми околу победникот беа решени во третиот период, кој Летонија го доби со 28:9.
Артурс Куруц го одигра најдобриот меч на првенството и со 20 поени беше најефикасен во победничкиот тим, Роланд Стимс додаде 17, Андрејс Гражулис 12.
Кај Литванците Рокас Јокубаитис со 16, Јонас Валанчиунас со 15 и Томаш Димса со 13 постигнати поени беа најдобри на теренот.










