Денеска е ден за фудбалско уживање. Денеска е “Match Day“ меѓу Македонија и Италија. Во овој празничен викенд ни гостува една од најтрофејните светски фудбалски репрезентации. Македонија ќе ги одмери силите со “новата“ Италија на Спалети, ете можност за фудбалските фанови да ја наполнат Арената “Тодор Проески“ и на сиот глас да навиваат за Македонија.
Напред Македонија!
Вечерва во 20:45 часот ќе сретнеме со Италија, против која знаеме како. Во Палермо, во Торино,па и во Скопје кога до финишот на мечот беше 2:1 за нас.
Само треба верба во себе, треба да одигра како што се играше до пред некој месец, треба да се покаже сиот свој квалитет. Само така Македонија ќе може да се надева на добар резултат.
Ние веруваме во вас момци…










