Дома Ракомет Домашно првенство Пролет го демолира Вардар Неготино на стартот на сезоната

Пролет го демолира Вардар Неготино на стартот на сезоната

114

Т. Пролет лесно и убедливо стартуваше во новата суперлигашка сезона, триумфирајќи во првиот меч на домашен терен над Вардар Неготино со убедливи 35-21. Домашниот тим го контролираше резултатот од почеток до крај, Лембанов им даде шанса на сите ракометари да покажат што знаат, а двоцифрената разлика на семафорот на крајот од натпреварот е јасен одраз за разликата во квалитетот на двата тима.

Пролет на одморот имаше предност од 16-9, која не беше тешко да се одржува во продолжение.

Давор Палевски беше најефикасен во тимот на Пролет со шест гола (пет во првото полувреме), а по четири погодоци постигнаа капитенот Андоновски и младите Тотиќ, Димковски и Додевски. На другата страна Кузманов имаше четири гола.
Во групата А, Куманово на домашен терен совладан од Аеродром со 32-34.
ПретходноДобра посета на Арената: Околу 20.000 фанови го следат дуелот меѓу Македонија и Италија!
СледноРајковиќ пред утрешното финале на СП: Тројца кошаркари на Србија се мои, јас сум ги тренирал!