Лучијано Спалети ако некој добро познаваше во редовите на македонската фудбалска репрезентација пред мечот меѓу неговата Италија и нашиот национален тим, тоа е Елиф Елмас.
Двајцата заедно минаа две години во Наполи, па од оваа перспектива, Спалети жали што не му дал поголема минутажа на македонскиот дијамант. Ова тој го призна јавно на прес-конференцијата по мечот.
„Минавме две години со Елмас, Тој е беспрекорен професионалец и можам да му се извинам што можеби не му дадов доволно простор. Елмас заслужи да игра повеќе во Наполи, но можам да кажам дека напорно работеше, на тренинзите секогаш беше одличен. Му посакувам само успеси во кариерата“, изјави предводникот на италијанската репрезентација.










