ФОТО: Твитер/УЕФА ЕУРО 2024
Репрезентацијата на Белгија не воодушеви со играта, но освои значајни три бода на гостувањето кај Азербејџан во 4.коло од квалификациите за пласман на ЕП 2024 во Германија. Избраниците на селекторот Доминик Тедеско славеа со 1:0, а единствениот погодок во Баку падна во 38 минута кога Јаник Караско ја затресе мрежата по ударот на 20-годишниот напаѓач Јоан Бајакоко.
Пред тоа Тросар можеше да го отвори резултатот но неговиот удар ја затресе гредата. Две минути подоцна Азербејџанците пропуштија одлична шанса кога Емин Махмудов излезе пред белгискиот голман но не погоди.
Во второто полувреме Белгијците беа доминантни на теренот, но не создаваа некои големи шанси пред противничкиот гол. Но и Азербејџанците тешко се пробиваа до голот на Кастелс. Резултатот не се промени, а Белгија стигна до 10 бода во групата, колку што има и Австрија која паузира ова коло.










